Дизајнирај

Дуксери по нарачка

Дуксери со слика и натпис

Дуксер со качулка и џеб, со твоја слика, име или лого. Напред печатот оди над џебот, а на грбот може да биде преку цел грб. Бел или црн, од S до XXXL, печатен само за тебе.

од 1.390 ден со печат на едно место; 1.490 ден на две

Дизајнирај дуксер

  • Плаќање при достава
  • Стигнува за 3 до 5 работни дена
  • Бесплатна достава од 1.500 ден
  • Го гледаш дизајнот пред да нарачаш
Бел дуксер со натпис ЕКИПА и црн дуксер со натпис Легенда, нацртани во едиторот

Како се прави

  1. Прикачи слика или напиши текст Фотографија од телефон, лого или цртеж (JPG, PNG или HEIC). Текстот го пишуваш во еден од трите фонтови, меѓу кои и ракопис, во боја по избор.
  2. Стави го каде што сакаш Напред, на грбот или мало лого на градите. Го влечеш и зголемуваш, а едиторот покажува колку cm е голем печатот.
  3. Нарачај без регистрација Цената ја гледаш веднаш. Доволни се име, телефон и адреса.
  4. Плати кога ќе стигне Стигнува за 3 до 5 работни дена и се плаќа на курирот.

Што може да има на дуксерот

  • Фотографија од семејството, од миленикот или од прославата, со позадината или без неа.
  • Име или порака, со ракописни или печатни букви, во боја по избор.
  • Лого на фирма, клуб или бенд: мало на градите или големо на грбот.
  • Фото + име: шаблоните ги редат фотографијата и името наместо тебе.

Каде може да има печат

  • Напред до 34 × 28 cm, над џебот
  • Лого на гради до 10 × 10 cm, мало, лево на градите
  • Грб до 34 × 34 cm, голем печат на грбот

Печатот може да биде на едно или на две места, по едно на секоја страна: напред и лого на градите не одат заедно. Второто место чини уште 100 ден.

Цена

Печат на едно место1.390 ден
Печат на две места1.490 ден
Достава 170 ден, бесплатна од 1.500 ден

Од 10 парчиња со ист печат цената по парче паѓа: 890 ден со мало лого, 960 ден со голем печат. Сите цени за количина

Големини

cmSMLXLXXLXXXL
Ширина545760636669
Должина717375777982

Мерено на облека поставена рамно: ширината е преку градите, од пазув до пазув, а должината од рамото до долниот раб. Најлесно е да измериш облека што ти стои добро и да ја споредиш.

Каква слика да прикачам

Колку е поголема сликата, толку е поостар печатот. Едиторот ја мери и ти кажува ако е премала за големината што ја избра, а пред нарачката серверот ја проверува уште еднаш.

Прикачи ја оригиналната фотографија од телефонот. Таа што поминала низ Viber или WhatsApp е смалена и може да не биде доволна за голем печат.

Сакаш само лицето или предметот, без позадината? Копчето „Отстрани позадина“ ја трга за неколку секунди. Инаку позадината се печати како правоаголник.

Чести прашања

За колку време стигнува?

За 3 до 5 работни дена од нарачката. Секое парче се печати по нарачка, ништо не стои однапред испечатено.

Како се плаќа?

При достава, во готово на курирот. Доставата е 170 ден, а за нарачка од 1.500 ден е бесплатна.

Може ли да го видам пред да нарачам?

Да. Едиторот ја црта облеката со твојот дизајн, во вистинска големина. Пред нарачката серверот проверува дали сликата е доволно квалитетна за печат.

Може ли да го покажам дизајнот некому пред да нарачам?

Да. „Зачувај и сподели“ во едиторот дава линк до дизајнот, кој важи пола година. Кој ќе го отвори, ја гледа облеката со дизајнот и може да го смени по свое.

А ако нарачам повеќе парчиња?

Од 10 парчиња со ист печат цената по парче е пониска, а големините може да бидат различни. Во едиторот, под количината, „Нарачуваш за повеќе луѓе?“ ти дава да внесеш колку парчиња од секоја големина. Цени за количина

Што ако стигне оштетено или погрешно испечатено?

Јави ни се во рок од 7 дена од приемот и добиваш ново парче или парите назад, без трошок. Рекламација нема за грешка во дизајнот, погрешна големина или мала разлика во бојата, затоа провери ја табелата за големини пред нарачката.

Направи го својот дизајн

Почни со слика или со текст. Не плаќаш ништо додека не стигне.

Дизајнирај дуксер