Дизајнирај

Смешни натписи и натписи со име

Маици со натписи

Натпис што ќе го прочитаат сите: шега со име на другар, нешто за понеделникот или за платата. Избери готов, смени го по свое или напиши свој. Истиот натпис може и на блузон и на дуксер.

од 590 ден со печат на едно место; 690 ден на две

Види ги натписите

  • Плаќање при достава
  • Стигнува за 3 до 7 работни дена
  • Бесплатна достава од 1.500 ден
  • Го гледаш дизајнот пред да нарачаш
Црна маица со натпис Марко ми должи 500 денари и бела маица со натпис Јадев, баба не верува, нацртани во едиторот

Со име

Шега со име, за другар, партнер или цела екипа. Избери натпис, напиши го името и веднаш го гледаш на облеката.

Сите натписи „Со име“ (20) →

Хумор

За секој ден, без повод: понеделник, спиење, слава и диета.

Сите натписи „Хумор“ (11) →

Работа и пари

За канцеларијата и за крајот на месецот: плата, состаноци и пензија.

Сите натписи „Работа и пари“ (8) →

Друштво и кафеана

За кафе, кафеана и семејни собири, каде секој има што да те праша.

Сите натписи „Друштво и кафеана“ (8) →

Љубов

Кратки редови за некој што не ти излегува од глава.

Сите натписи „Љубов“ (8) →

Како се нарачува

  • Избери натпис. Се отвора во едиторот, на облеката.
  • Смени го по свое: името, текстот, бојата, облеката или местото на печатот.
  • Нарачај без регистрација. Доволни се име, телефон и адреса, а плаќаш кога ќе стигне.

Имаш свој натпис? Напиши го во едиторот, со ракописни или печатни букви.

Цена

Печат на едно место590 ден
Печат на две места690 ден
Достава 170 ден, бесплатна од 1.500 ден

Од 10 парчиња со ист печат цената по парче паѓа: 250 ден со мало лого, 310 ден со голем печат. Сите цени за количина

Големини

cmSMLXLXXLXXXL
Ширина49,552,555,558,561,564,5
Должина7073757779,582,5

Мерено на облека поставена рамно: ширината е преку градите, од пазув до пазув, а должината од рамото до долниот раб. Најлесно е да измериш облека што ти стои добро и да ја споредиш.

Чести прашања

За колку време стигнува?

За 3 до 7 работни дена од нарачката. Секое парче се печати по нарачка, ништо не стои однапред испечатено.

Како се плаќа?

При достава, во готово на курирот. Доставата е 170 ден, а за нарачка од 1.500 ден е бесплатна.

Може ли да го видам пред да нарачам?

Да. Едиторот ја црта облеката со твојот дизајн, во вистинска големина. Пред нарачката серверот проверува дали сликата е доволно квалитетна за печат.

Може ли да го покажам дизајнот некому пред да нарачам?

Да. „Зачувај и сподели“ во едиторот дава линк до дизајнот, кој важи пола година. Кој ќе го отвори, ја гледа облеката со дизајнот и може да го смени по свое.

А ако нарачам повеќе парчиња?

Од 10 парчиња со ист печат цената по парче е пониска, а големините може да бидат различни. Во едиторот, под количината, „Нарачуваш за повеќе луѓе?“ ти дава да внесеш колку парчиња од секоја големина. Цени за количина

Што ако стигне оштетено или погрешно испечатено?

Јави ни се во рок од 7 дена од приемот и добиваш ново парче или парите назад, без трошок. Рекламација нема за грешка во дизајнот, погрешна големина или мала разлика во бојата, затоа провери ја табелата за големини пред нарачката.

Направи го својот дизајн

Почни со слика или со текст. Не плаќаш ништо додека не стигне.

Види ги натписите