Дизајнирај

За фирми, клубови и тимови

Маици, блузони и дуксери за фирми и тимови

Вашето лого на градите, натпис на грбот или двете. Со повеќе парчиња со ист печат цената по парче паѓа, а големините и боите во нарачката може да бидат различни.

маица од 250 ден по парче, од 10 парчиња со мало лого

Дизајнирај со лого Цени за количина

  • Плаќање при достава
  • Стигнува за 3 до 5 работни дена
  • Бесплатна достава од 1.500 ден
  • Го гледаш дизајнот пред да нарачаш
Бела маица со лого на градите и натпис ТВОЈА ФИРМА на грбот, нацртана во едиторот

Цени за количина

Цената е по парче, во денари, за парчиња со ист печат. Големината и бојата на облеката може да се разликуваат: 6 маици L и 4 маици XL со ист печат се 10 парчиња.

Маица

ПарчињаСамо логоЕден голем печат Лого и голем печатДва големи печати
1–9 590 590 690 690
10–19 250 310 330 400
20–49 230 300 320 380
50–99 210 280 300 370
100+ 200 270 290 360

Блузон

ПарчињаСамо логоЕден голем печат Лого и голем печатДва големи печати
1–9 1.190 1.190 1.290 1.290
10–19 790 860 880 950
20–49 770 830 850 920
50–99 740 810 830 890
100+ 720 780 810 870

Дуксер

ПарчињаСамо логоЕден голем печат Лого и голем печатДва големи печати
1–9 1.390 1.390 1.490 1.490
10–19 890 960 980 1.050
20–49 870 930 950 1.020
50–99 840 910 930 990
100+ 820 880 910 970
  • Мал печат е лого или ред текст, до 120 cm². Голем печат е сè поголемо, до цела зона за печат.
  • Печат поширок од 27 cm во двете страни зафаќа цел ред од фолијата, па на цената за количина се додаваат 100 ден за секој таков печат.
  • Два мали печати, на пример лого напред и натпис на грбот, се плаќаат како лого и голем печат.
  • Доставата е посебно: 170 ден, а за нарачка од 1.500 ден е бесплатна.

Како се нарачува за цел тим

  1. Прикачи го логото Најдобро PNG со проѕирна позадина. Ако логото има бела позадина, копчето „Отстрани позадина“ ја трга.
  2. Стави го каде што треба Мало на градите, големо напред или на грбот, или лого напред и натпис на грбот.
  3. Внеси ги големините Под количината, „Нарачуваш за повеќе луѓе?“ ти дава да внесеш колку парчиња од секоја големина. Цената за количина се пресметува сама.
  4. Прво провери со колегите „Зачувај и сподели“ дава линк до дизајнот, па секој може да го види пред нарачката.

Печатот е DTF: полни бои и остри рабови, па се гледаат и тенки линии и мали букви. Печатот го црта серверот од оригиналното лого, на 300 DPI, а пред нарачката ја проверува големината на сликата.

Колку е поголемо логото што го прикачуваш, толку е поостар печатот. Ако го имате во векторски формат (PDF, SVG, AI), извезете го како PNG од барем 2000 пиксели.

Каде може да има печат

  • Напред до 34 × 34 cm, голем печат на градите
  • Лого на гради до 10 × 10 cm, мало, лево на градите
  • Грб до 34 × 34 cm, голем печат на грбот

Печатот може да биде на едно или на две места, по едно на секоја страна: напред и лого на градите не одат заедно. Второто место чини уште 100 ден.

Чести прашања

Може ли маици, блузони и дуксери со исто лого во една нарачка?

Може, секое како посебна ставка во кошничката. Цената за количина се смета за секој производ посебно, за парчињата со ист печат.

Може ли секој да има свое име на грбот?

Може, но тогаш секое парче е посебен дизајн и цената за количина не важи за нив. Цената за количина е за парчиња со ист печат.

За колку време стигнува?

За 3 до 5 работни дена од нарачката, за цела нарачка одеднаш.

Како се плаќа?

При достава, во готово на курирот.

Што ако некое парче е оштетено или погрешно испечатено?

Јави ни се во рок од 7 дена од приемот и добиваш ново парче или парите назад, без трошок.

Имаме поголема нарачка или посебно прашање.

Пиши ни на napravisi.mk@gmail.com или на Instagram @napravisi.mk.

Направи го својот дизајн

Почни со слика или со текст. Не плаќаш ништо додека не стигне.

Дизајнирај со лого