Дизајнирај

Роденденски маици

Маици за роденден

Подарок што го нема никој друг: маица со фотографија на славеникот, со име или со порака. Или исти маици за цела фамилија на прославата.

од 590 ден со печат на едно место; 690 ден на две

Дизајнирај роденденска маица

  • Плаќање при достава
  • Стигнува за 3 до 5 работни дена
  • Бесплатна достава од 1.500 ден
  • Го гледаш дизајнот пред да нарачаш
Бела маица со натпис Среќен роденден и црна маица со натпис 50 ГОДИНИ, нацртани во едиторот

Идеи за роденденска маица

  • Фотографија и име. Шаблоните „Фото + име“ ги редат фотографијата и името наместо тебе, а позадината на фотографијата сама се отстранува.
  • Возраст или година: „50 ГОДИНИ“, „ЛЕГЕНДА ОД 1976“ или само големата бројка.
  • „Среќен роденден!“ го има готов во едиторот, под „Идеи за текст“.
  • Исти маици за цела фамилија, секој во својата големина, со една нарачка.

Ако е подарок

Плаќањето е при достава, па ако маицата оди право кај славеникот, тој ја плаќа на курирот. Затоа подобро испрати ја до себе и подари ја лично.

Стигнува за 3 до 5 работни дена, затоа нарачај неколку дена пред роденденот.

Големините се од S до XXXL. Детски маици засега немаме.

Цена

Печат на едно место590 ден
Печат на две места690 ден
Достава 170 ден, бесплатна од 1.500 ден

Од 10 парчиња со ист печат цената по парче паѓа: 250 ден со мало лого, 310 ден со голем печат. Сите цени за количина

Големини

cmSMLXLXXLXXXL
Ширина49,552,555,558,561,564,5
Должина7073757779,582,5

Мерено на облека поставена рамно: ширината е преку градите, од пазув до пазув, а должината од рамото до долниот раб. Најлесно е да измериш облека што ти стои добро и да ја споредиш.

Каква слика да прикачам

Колку е поголема сликата, толку е поостар печатот. Едиторот ја мери и ти кажува ако е премала за големината што ја избра, а пред нарачката серверот ја проверува уште еднаш.

Прикачи ја оригиналната фотографија од телефонот. Таа што поминала низ Viber или WhatsApp е смалена и може да не биде доволна за голем печат.

Сакаш само лицето или предметот, без позадината? Копчето „Отстрани позадина“ ја трга за неколку секунди. Инаку позадината се печати како правоаголник.

Чести прашања

За колку време стигнува?

За 3 до 5 работни дена од нарачката. Секое парче се печати по нарачка, ништо не стои однапред испечатено.

Како се плаќа?

При достава, во готово на курирот. Доставата е 170 ден, а за нарачка од 1.500 ден е бесплатна.

Може ли да го видам пред да нарачам?

Да. Едиторот ја црта облеката со твојот дизајн, во вистинска големина. Пред нарачката серверот проверува дали сликата е доволно квалитетна за печат.

Може ли да го покажам дизајнот некому пред да нарачам?

Да. „Зачувај и сподели“ во едиторот дава линк до дизајнот, кој важи пола година. Кој ќе го отвори, ја гледа облеката со дизајнот и може да го смени по свое.

А ако нарачам повеќе парчиња?

Од 10 парчиња со ист печат цената по парче е пониска, а големините може да бидат различни. Во едиторот, под количината, „Нарачуваш за повеќе луѓе?“ ти дава да внесеш колку парчиња од секоја големина. Цени за количина

Што ако стигне оштетено или погрешно испечатено?

Јави ни се во рок од 7 дена од приемот и добиваш ново парче или парите назад, без трошок. Рекламација нема за грешка во дизајнот, погрешна големина или мала разлика во бојата, затоа провери ја табелата за големини пред нарачката.

Направи го својот дизајн

Почни со слика или со текст. Не плаќаш ништо додека не стигне.

Дизајнирај роденденска маица